ИнтернационалциФудбал

Зани Назифи од Шкендија Арачиново со трансфер во Косово

Сподели
ФОТО: KF Llapi
Сподели

Младиот фудбалер Зани Назифи кариерата ќе ја продолжи во странство, односно во дресот на Лапи од Косово.

21-годишниот фудбалер во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново и успеа со овој тим да избори историски влез во Прва лига, а во есенскиот дел на минатата сезона настапуваше за Шкупи.

Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, заигра и за екс прволигашот Беса од Добри Дол.

Левото крило стави потпис со Лапи до летото 2029 година, со што својата иднина ја врзува за клубот во наредните три години.

„Со своите квалитети во офанзивниот дел од играта, брзината и способноста да создава и реализира акции, се очекува Назифи да биде значајно засилување за нашиот тим во наредните сезони. Назифи му се приклучува на Лапи како дел од клупскиот проект за следните сезони, додавајќи квалитет и дополнителни опции во офанзивната линија на тимот“, велат од косовскиот клуб.

За Назифи ова ќе биде прв интернационален трансфер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Велев го објави списокот на играчи за младинското Европското првенство во Братислава

Македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години, кое ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Ирска и Луксембург

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во понеделник (15 јуни) ќе ги започне подготовките за претстојните натпревари од претквалификациите за пласман во квалификациите за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Како ќе изгледа Втората лига до сезона 2028/2029 ?

Втората македонска фудбалска лига од следната сезона ќе биде со 14 екипи,...

Прва лигаФудбал

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски продолжуваат со Шкендија Арачиново

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски верни на Шкендија Арачиново,...

ФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов останува во шампионот Проект

КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро по историската сезона во...

Втора лигаФудбал

Струмичко дерби во 8. коло, дербито на Истокот во 3. коло

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!