Ракомет

Благојче Трајкоски се враќа дома: РК Прилеп доби големо засилување за новата сезона!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Ракометниот клуб Прилеп продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најновото засилување е добро познато име на македонската ракометна сцена. Во својот роден град се враќа искусниот голман Благојче Трајкоски, кој повторно ќе го носи дресот на прилепскиот клуб.

Трајкоски зад себе има богата и успешна кариера, настапувајќи за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Во својата кариера беше и дел од македонската сениорска репрезентација, а настапи и на Светското првенство во Франција во 2017 година.

Со огромното искуство, лидерските квалитети и големиот број натпревари одиграни на домашната и меѓународната сцена, Трајкоски треба да биде едно од најважните имиња во составот на Прилеп во претстојната сезона.

Прилепчани зад себе имаат успешна сезона во која без ниту еден пораз го освоија првото место во плеј-аут конкуренцијата, потврдувајќи дека клубот се движи во вистинска насока и дека има стабилна основа за уште повисоки дострели.

Токму затоа, амбициите на РК Прилеп за следната сезона се значително повисоки. Во клубот посакуваат место во плеј-офот и борба со најдобрите екипи во македонскиот ракомет, а враќањето на Благојче Трајкоски е јасен показател дека клубот сериозно ги гради своите планови.

Навивачите на Прилеп со нетрпение ќе го дочекаат неговото враќање во салата, надевајќи се дека искусниот голман ќе донесе сигурност меѓу стативите, многу одбрани, победи и нови успеси за клубот од градот под Марковите Кули.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!