Останато

Темов го освои Битола Опен, сега како прв носител ќе настапува на МТП Опен во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Андреј Темов го освои трофејот на турнирот Битола Опен за тенисери до 14 години, кој се играше во категорија 3. Во финалниот натпревар Темов беше подобар од Ленарт Кадриу, совладувајќи го со 2-0 во сетови (6:4, 7:6(4)).

Иако финалето го доби без загубен сет, патот до титулата беше значително потежок. Во полуфиналето Темов по голема борба го елиминираше Димитрис Николау со 2-1 во сетови (4:6, 6:3, 6:2), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос со 2-1 (6:3, 5:7, 6:2).

Во првите две кола македонскиот тенисер беше особено убедлив. Прво го совлада Топрак Албајрак со 2-0 во сетови без да загуби ниту еден гем, а потоа го победи и Виктор Дамјанов со 2-0 во сетови, препуштајќи му само еден гем.

Во конкуренција на двојки, Темов настапи заедно со Василиј Закоски. Македонскиот тандем беше запрен во полуфиналето од подоцнежните шампиони Сами Дамани и Леви Де Вахтер.

По одличниот настап во Битола, Темов оваа недела настапува на турнирот МТП Опен во Скопје, каде што е поставен за прв носител. На турнирот ќе учествуваат и повеќе млади македонски тенисери и тенисерки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!