Ракомет

Охрид утре ќе го слави европскиот трофеј: Шампионска прослава на Градскиот плоштад

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп, утре на Градскиот плоштад ќе биде организирана шампионска прослава за ракометарите, стручниот штаб и навивачите.

Охрид денес живее во знакот на најголемиот успех во клупската историја. „Гладијаторите“ ја израдуваа цела Македонија со европскиот трофеј, а утрешната прослава ќе биде можност навивачите одблиску да ги поздрават своите херои и заедно да го одбележат историскиот момент за охридскиот и македонскиот ракомет.

Се очекува на плоштадот да владее вистинска шампионска атмосфера, со илјадници навивачи кои ќе ја споделат радоста со ракометарите што испишаа историја на европската сцена.

Деталите околу времето на почетокот и целосната програма на прославата ќе бидат објавени рано наутро.

Охрид вечерва слави европска титула, а утре градот ќе приреди пречек каков што доликува на новите шампиони на Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!