Ракомет

Охрид ја освои првата европска титула, честитки пристигнуваат од сите страни

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид испиша златни страници во клупската историја, откако ја освои првата европска титула. Охриѓани во реванш финалниот натпревар славеа над унгарска Татабања и заслужено стигнаа до трофејот во ЕХФ Европскиот куп, остварувајќи еден од најголемите успеси на клупски план.

Со овој триумф, Охрид не само што го освои својот прв европски трофеј, туку уште еднаш потврди дека македонскиот ракомет има квалитет да се натпреварува и победува на европската сцена.

Историскиот успех на охридскиот клуб беше поздравен од голем број македонски ракометни клубови, кои преку соопштенија упатија честитки до новиот европски шампион.

Од РК Вардар 1961 порачаа:

„РК Вардар 1961 му ја честита титулата во ЕХФ-Купот на ГРК Охрид! Ваквите европски успеси се гордост за сите нас, кои сме дел од ракометот во државата и заслужуваат најискрени честитки! Македонија и Охрид уште еднаш покажаа дека ракометот е спорт број еден во Македонија! Ви посакуваме уште поголеми успеси во иднина“, велат од РК Вардар.

Честитки пристигнаа и од РК Алкалоид:

„РК Алкалоид упатува искрени честитки до ГРК Охрид за освоениот трофеј во Европскиот Куп на ЕХФ! Убаво е чувството кога две години по ред, екипа од Македонија доаѓа до престижното одличје – добредојдовте во друштвото на освојувачите“, истакнаа од РК Алкалоид.

Честитки пристигнаа и од екипата на Еурофарм Пелистер:

„Еурофарм Пелистер му ја честита титулата во EHF купот на ГРК Охрид! Секој успех на македонска екипа во европски натпревари е национален успех и за секаков почит! Спортски поздрави и многу успеси во идните сезони“, велат од РК Еурофамр Пелистер.

Со искрени честитки се огласи и РК Бутел Скопје:

„Ракометниот клуб Бутел Скопје упатува искрени честитки до раководството, стручниот штаб, ракометарите и навивачите на ГРК Охрид по повод освојувањето на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп. Овој историски успех е голема победа не само за охридскиот клуб, туку и за целиот македонски ракомет. Со посветеност, квалитет и огромна борбеност, ГРК Охрид покажа дека македонските клубови можат рамноправно да се натпреваруваат и да освојуваат европски трофеи. Ви посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достојно претставување на Македонија на европската сцена. Честитки за европската титула и за испишаната историја“, се вели во соопштението на РК Бутел.

Освојувањето на ЕХФ Европскиот куп од страна на Охрид претставува голем успех за македонскиот спорт и уште една потврда дека македонските клубови можат да стигнат до европскиот врв кога зад себе имаат квалитет, организација и голема желба за успех. Европската титула на Охрид ќе остане запишана како историски момент за клубот, градот и македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!