Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед и Каменица Саса до убедливи победи, шампионот Скопје ја доби Тиверија Брера

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Денес беа одиграни натпреварите од последното 27. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото новиот шампионот Скопје со минимални 1:0 ја доби Тиверија Брера, преку голот на Мила Панева постигнат во 35. минута.

Ас Јунајтед ја имаше најубедливата победа откако со 8:1 го доби Топ Гол кој пред неколку кола испадна во Втората лига.

Оливера Цоклеска постигна два гола, а по еден гол запишаа Теодора Далческа, Јована Павловска и Диелза Ибраими, а пак во вториот дел стрелаа и Веса Села, Лина Луканова и Кристина Мојсоска.

За гостинскиот тим до Битола единствен стрелец беше Јоана Зебековска.

Каменица Саса со 0:6 го декласираше Кочани во гости преку хет-трикот на најдобриот стрелец во шампионатот Ана Димиторвска, погодоците на Бразилката Тчеури Харму Гоја и голот на Јована Петрушовска, откако Ања Стојмиловска си постигна автогол.

Ланскиот шампион Љуботен со 1:5 го доби мечот со Речица, преку двојните стрелци Улза Максути и Настасја Накова, како и голот на Меланија Грозданова, додека пак за домаќинот единствен стрелец беше Јасмина Јовановска.



Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Вардар и Истатов кој заврши со поделба на бодовите (1:1). Вардар прв стигна до водство преку гол на Ивана Милевска која погоди во 31. минута, а гостинот преку голгетерката Радица Чонева во 44. минута ги постави конечните 1:1.

Скопје е шампион и ќе игра квалификации за Лигата на шампионите, Топ Гол испадна во Втора лига, а Кочани ќе игра бараж со Билјанини Извори од Охрид бараж за опстанок.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!