РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Турција е исклучително квалитетна репрезентација, за нас ова е уште еден важен тест

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација во Истанбул, ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција, една од селекциите кои обезбедија пласман на Светското првенство.

Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски истакна дека натпреварот претставува одлична можност за проверка на квалитетите на новиот тим што се создава.

„Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот. Немаме многу време за работа, но задоволен сум од односот и ангажманот на играчите. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“, изјави Седлоски.

Селекторот најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина, со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.

„Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство. Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.

Мечот меѓу Турција и Македонија се игра утре од 18:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма, наместо 12 екипи како во сезоната која измина, следната сезона ќе...

Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона. Од минатата сезона...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски: Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме, против БиХ покажавме добри работи

Утре Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против Турција во Истанбул,...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Дамите на Медитерански игри против Косово, Алжир, Грција и Турција

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 21 година минимално поразена од Бугарија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година е поразена од соодветната селекција...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски, по натпреварот против Босна и Херцеговина...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!