Ракомет

„Билјанини Извори“ ќе биде ‘претесна’ за сите емоции – Охрид вечерва игра за историја!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Салата „Билјанини Извори“ вечерва ќе биде исполнета до последното место, а атмосферата одамна ја надмина рамката на обичен натпревар – Охрид живее ракометна европска приказна што може да заврши со историски трофеј.

Пред ГРК Охрид стои најголемиот испит досега – реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против унгарска Татабања, дуел во кој секоја секунда може да ја смени историјата на клубот.

ФОТО: ГРК Охрид

Охриѓани влегуваат со предност од првиот меч, откако во Унгарија славеа минимално со 29-28, победа која отвори врата кон сонот што сега е на дофат.

Патот до ова финале беше сè освен лесен – се редеа  победи над неколку квалитетни ракометни имиња: азербејџански Баку, босанска Слога Добој, чешка Дукла Прага, грчки Олимпијакос и словенечки Целје. Секоја рунда носеше нов предизвик, а тимот на Борис Ројевиќ растеше со секој чекор.

ФОТО: ГРК Охрид

Со биланс од 11 натпревари, 10 победи и само еден минимален пораз, Охрид вечерва има шанса да ја заокружи најголемата приказна во својата историја – европски трофеј пред домашната публика.

Натпреварот започнува во 20:00 часот, а „Билјанини Извори“ одамна е распродадена – вечерва градот дише за една цел: Охрид да го крене пехарот.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!