Втора лигаФудбал

Столевски: Минатата сезона Кавадарци ни донесе влез во Втора лига, зошто сега да не ни донесе и Прва лига

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Шкендија Арачиново утре ќе го игра најважниот натпревар во својата клупска историја, откако во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со Пелистер, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, место кое буди убави спомени кај фудбалерите на Шкендија Арачиново. Токму на овој стадион минатата сезона екипата од Арачиново го совлада Осогово и обезбеди промоција од Третата лига – Север во Втората лига.

Голманот на Шкендија Арачиново, Антонио Столевски, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека атмосферата во тимот е одлична и дека екипата максимално подготвена го очекува утрешниот предизвик.

„Атмосферата е на највисоко ниво, се подготвувавме ова недела како треба да изгледаме за овој натпревар. Го анализиравме противникот доста добро, минатата сезона овој стадион беше среќа за Шкендија Арачиново, зошто да не биде повторно, но сега за Прва лига. Очекуваме доста голема поддршка од нашите навивачите за да стигнеме заедно до целта, пред се нека победи фудбалот, нека се навива спортски“, вели голманот Антонио Столевски во изјава за Спортска Мрежа.

Бараж дуелот меѓу второлигашот Шкендија Арачиново и прволигашот Пелистер се игра утре (недела) со почеток од 16:30 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!