Ракомет

Истите судии од финалето Алкалоид – АЕК сега доаѓаат во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е на чекор до историски успех во европските натпреварувања, откако во реванш- финалето од Европскиот куп на ЕХФ пред домашната публика ќе ја пречека унгарска Татабања. Македонскиот претставник во првиот натпревар во Унгарија успеа да слави со 28-29 и со минимална предност ќе влезе во битката за трофејот.

Во пресрет на решавачкиот дуел, ЕХФ ги одреди и официјалните лица за натпреварот во „Билјанини Извори“. Правдата на теренот ќе ја делат португалските арбитри Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс, додека делегатскиот тим ќе го сочинуваат Предраг Бошковиќ од Црна Гора и Јири Опава од Чешка.

Интересно е што браќата Мартинс беа предвидени и за минатогодишното реванш- финале во ЕХФ Купот меѓу Алкалоид и АЕК Атина во Скопје. Сепак, тој натпревар никогаш не се одигра, откако грчкиот тим одби да излезе на теренот.

Сега, охриѓани се надеваат дека токму пред своите навивачи ќе испишат нова страница во клупската историја и ќе стигнат до првиот европски трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!