КупФудбал

Градоначалникот Петар Јанков ги прими фудбалерките на Тиверија Брера по освоениот Куп на Македонија

Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, во својот кабинет ги прими фудбалерките и стручниот штаб на Тиверија Брера, по големиот успех и освојувањето на Купот на Македонија.

Струмичанки блеснаа во големото финале и со убедлива победа од 5:0 против Каменица Саса стигнаа до втората Куп титула во клупската историја, потврдувајќи дека оваа генерација е една од најуспешните во женскиот фудбал во Македонија.

Градоначалникот Јанков упати честитки до фудбалерките и стручниот штаб за историскиот успех и одличните настапи во текот на целата сезона.

„Честитки до фудбалерките и до стручниот штаб за големиот успех и заслужената победа во финалето над екипата на ЖФК Каменица Саса со резултат 5:0. Горди сме на нашите фудбалерки кои по втор пат во својата историја го освоија Куп трофејот! Како општина остануваме посветени на подобрување на спортската инфраструктура која е базичен услов за развој на спортистите и постигнување успеси во иднина“, рече градоначалникот Јанков.

Тиверија Брера зад себе има одлична сезона, а покрај освоениот Куп трофеј, струмичанки шампионатот во Првата женска фудбалска лига ќе го завршат и на второто место, односно како вицешампион на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица ги повика клубовите за пријавување во сезоната 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Струмица официјално ги повика сите екипи кои настапуваат во тековната сезона, како и новите заинтересирани клубови, навремено да го пријават...

КупФудбал

Градоначалникот Петар Јанков ги прими фудбалерките на Тиверија Брера по освоениот Куп на Македонија

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, во својот кабинет ги прими фудбалерките и стручниот штаб на Тиверија Брера, по големиот успех и освојувањето...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица ги повика клубовите за пријавување во сезоната 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Струмица официјално ги повика сите екипи кои настапуваат во...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Познато кога ќе се игра и како ќе изгледа баражот за влез во Втора лига

Сите екипи кои ќе настапат во баражот за влез во Втората македонска...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Неготино беше вистински домаќин: Успешно заврши завршниот турнир од ФФМ Детската лига

ГФК Неготино уште еднаш се покажа како одличен организатор и вистински спортски...

ФудбалЧетврта лига

Дрвош го „тресна“ Интер Кукла, Огражден е нов лидер, Илинден го освои Злеово

12-тата рунда од Општинската фудбалска лига во Струмица донесе нов лидер, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!