Трета лигаФудбал

Победнички финиш за Беса Сарај, Фортуна и Куманово убедливи, реми на Кадино и Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК Беса Сарај | АРХИВА
Сподели

Последното коло во Трета лига – Север донесе многу погодоци – Фортуна на домашен терен со 6:0 го доби Ржаничино преку Рамани кој беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Максуди, Исмаили, Сула и Јашари.

Беса од Сарај победнички ја затвара сезоната откако на домашен терен со 2:0 го доби Башкими Љуботен. Стрелци на двата погодоци во првиот дел беа Мустафа Јусуфи и Амар Мустафа.

Лопати со 1:2 славеше над Отља во гости, откако за гостинскиот тим стрелец на двата гола беше Биљали Хасан, а за домаќинот беше Љиридон Реџепи.

Кадино и Аеродром ремизираа во меч со шест гола (3:3). Миовски, Зулбери и Спасевски беа стрелци за домашниот тим, кој во минатото беше дел од Втора лига – Запад, а пак за гостинот Блажевски постигна еден гол, а пак Наумовски беше двоен стрелец.

Студеничани на домашен терен со 6:3 забележа триумф над БВК Коњаре. Нехат Емини постигна хет-трик, Зејди Шабани беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Риад Кадри. За гостинот стрелци беа Меме, Бакиевски и Мустафа.

Пчиња со голот на Даниел Васиќ во 83. минута славеше над шампионот Еуромилк ГЛ со минимални 1:0.

Куманово со убедлива победа на домашен терен ја затвори сезоната откако славеше со 4:1 над Беса од Слупчане. Мемеди, Реџепи, Златковски и Симиќ беа стрелци, за гостинот единствен стрелец беше Фетаи.

Еуромилк ГЛ со 70 бодови стана шампион во Трета лига – Север, втор е БВК Коњаре со 54 бодови, а пак Куманово заврши трет со 51 бод.

Тимот од Горно Лисиче ќе игра бараж за влез во Втора лига.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!