Трета лигаФудбал

Победа Валандово е шампион во Трета лига – Исток, Турново го урна Овче Поле, реми во Струмица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели



Екипата на Победа Валандово стигна до триумф од 1:3 на гостувањето кај екипата на Карбинци во рамки на претпоследното коло на Трета лига – Исток, а притоа поразот на Овче Поле од Хоризонт Турново, значи дека „калинкарите“ на едно коло до крајот се шампиони во Трета лига – Исток и ќе играат бараж за Втора лига.

Само пет минути требаше за тимот од Валандово да има двојна предност против Карбинци преку Филип Зајков и Никола Костадинов, а веќе во 19. минута Костадинов погоди по вторпат за 0:3 на полувреме. Во вториот дел Карбинци постигна гол за ублажување на поразот на конечни 1:3 во 59. минута.

Екс вицешампионот на Македонија, Хоризонт Турново со 2:0 славеше над Овче Поле преку двата погодоци на искусниот Дејан Блажевски со што сите беа решени околу шампионот – Овче Поле ја загуби битката за титулата токму со овој пораз.

Во Струмица немаше победник откако Тиверија и Ударник ремизираа играјќи 3:3. За домашниот тим погоди Мите Благоевски, а Иван Лазаров беше двоен стрелец. За гостинската екипа стрелаа Спасиќ, Ѓеоргиев и Грбашлиев.

Победа Валандово е на врвот со 44 бодови, а Овче Поле е втор со 40 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Европски гиганти пристигнуваат во Македонија: Познати и стадионите за Интернационал Мастерс Куп 2026

Југот на Македонија од 22 до 24 мај ќе биде центар на младинскиот фудбал, откако во Валандово, Дојран и Гевгелија ќе се одржи...

Младински фудбалФудбал

Аулон Куртиши со Шкендија шампион во Суперлигата до 16 години: Голем талент од Тетово сонува европска кариера

Младиот фудбалски талент на Шкендија од Тетово, Аулон Куртиши, денес доживеа еден од најзначајните моменти во својата досегашна кариера, откако со тимот на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победнички финиш за Беса Сарај, Фортуна и Куманово убедливи, реми на Кадино и Аеродром

Последното коло во Трета лига – Север донесе многу погодоци – Фортуна...

Трета лигаФудбал

Бучин го совлада шампионот Борец, реми во Крушево, шест гола во Росоман

Заврши сезоната во Трета лига – Југ, екипата на Росоман е шампион,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!