Делегирани судиите кои ќе делат правда на денешните натпревари од 25. коло на Првата женска фудбалска лига.
Во Струга каде ќе играат Ас Јунајтед и Кочани, правдата ќе ја дели Димитар Левески, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска и Николче Николовски, а пак Мендо Дивитаров ќе биде контролор.
Мечот меѓу Речица и Топ Гол ќе го суди Вјолца Изеири, а нејзини помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Хабиљ Љиворека, а пак контролор ќе биде Орце Стефановски.
Виолета Јанчева ќе биде главен арбитар на мечот меѓу Вардар и Каменица Саса, а нејзини асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, додека пак контролор ќе биде Никола Божиновски.
Во Пржино ќе се соочат Скопје и Љуботен, а за правдата ќе биде задолжен Никола Петковски, а помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Станко Митровиќ, а контролор ќе биде Драган Ристовски.
Дербито на колото во Струмица меѓу Тиверија Брера и Истатов ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а ќе му помагаат Снежана Илиевски и Радмила Неркова, а пак контролор ќе биде Зоранчо Темелков.
Сите натпревари од 25. коло ќе започнат во 16 часот.