Прва лигаФудбал

Капитенот на Струга Трим Лум верува во позитивен резултат против Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум се уште верува во можноста да стигне до втората позиција на табелата, иако во моментов има шест бодови помалку одШкендија. Токму денеска стружани гостуваат во Тетово во еден од најважните натпревари во завршницата од сезоната.

Капитенот на тимот, Буњамин Шабани , истакна дека атмосферата во екипата е одлична и дека тој и неговите соиграчи се подготвени за големо надигрување и борба за позитивен резултат.

„Не  очекува дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен меч и празник за сите љубители на фудбалот. Што се однесува до нас како екипа, можам да кажам дека подготвени го очекуваме овој дуел“, изјави Буњамин Шабани.

„Статистиката во вакви мечеви не значи многу, бидејќи секој натпревар е посебна приказна. Ќе влеземе во игра со цел да го дадеме најдоброто од себе, да ја играме нашата препознатлива игра, добро да го спроведеме тактичкиот дел, она што го бара стручниот штаб и верувам дека на крајот резултатот нема да изостане“, дополни Шабани.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!