Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација на Словачка и нашата машка ракометна репрезентација ќе го одиграат првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Германија наредната година.

Македонската селекција во овој двомеч влегува со фаворитска улога, со јасна цел – освојување на место на уште едно големо натпреварување. За избраниците на Кирил Лазаров ова е шанса да се приближат кон осмото последователно СП, односно десетто во историјата.

Селекторот Кирил Лазаров за овој дуел реши да не смета на голманот Васил Гогов, средниот бек Мартин Ивановски, десниот бек Филип Николов и пивотот Марко Стојковиќ, кои останаа надвор од комбинација за првиот меч.

Од друга страна, Словачка преку баражот успеа да ја елиминира Украина и покажа дека е сериозен противник кој не смее да се потцени, иако искуството и континуитетот се на страната на Македонија во овој двомеч.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!