Кошарка

МЗТ Скопје го прегази Пелистер во „мајсторката“ и закажа финале со Маџари!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани шампионската титула во македонската кошаркарска елита, откако во решавачкиот трет полуфинален натпревар убедливо го совлада Пелистер со 87:58 и со вкупни 2-1 во серијата обезбеди место во големото финале.

По израмнетото прво полувреме во СЦ „Јане Сандански“, „металците“ одиграа фантастична трета четвртина во која целосно го скршија отпорот на битолчани. Домашниот тим направи неверојатна серија и третиот период го доби со 29:5, што беше пресудно за убедливиот триумф.

Пелистер подобро го отвори мечот и во првата четвртина имаше предност од 15:10, но МЗТ брзо се врати и првиот дел заврши со минимално водство на домашните од 20:19. Во втората четвртина „сино-белите“ дојдоа и до 31:25, но гостите од Битола преку Малешевиќ успеаја да израмнат, па на полувреме резултатот беше 37:37.

Клучниот момент се случи веднаш по паузата. МЗТ отвори со серија од 9:0, а расположениот Петков постигна седум поени во тие моменти за водство од 46:37. Пелистер не успеа да одговори на налетот на домаќините, а серијата на скопјани продолжи до огромни 17:2 и предност од 54:39.

До крајот на третата четвртина МЗТ веќе имаше недостижни 66:42, а последниот период беше само формалност за потврда на пласманот во финалето.

Најефикасен кај победникот беше Петков со 23 поени, седум асистенции и три скока, Танасковиќ додаде 20 поени и седум скока, додека МекКејден запиша дабл-дабл учинок од 14 поени и 12 скока, надополнет со пет асистенции.

Во редовите на Пелистер, Дејвис реализираше 12 поени, а Вилсон постигна 10.

Во финалната серија МЗТ Скопје ќе се соочи со дебитантот Маџари и ќе ја има предноста на домашниот терен. Доколку двата клуба дадат согласност, финалето може да започне уште овој викенд во СЦ „Јане Сандански“.

Пелистер, пак, сезоната ќе ја продолжи во битката за третото место против поразениот од втората полуфинална серија меѓу ТФТ и Маџари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!