Кошарка

Струмица 2001 се врати меѓу елитата – Бутел падна во „мајсторката“ за суперлигашка промоција!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



КК Струмица 2001 е нов член на македонската Супер лига, откако струмичани во решавачкиот трет натпревар од финалната серија ја совладаа екипата на КК Бутел со 81:76 и со вкупни 2-1 во победи ја освоија шампионската титула во Првата македонска лига.

Во салата „Никола Карев“ домашниот состав одигра сигурен и зрело контролиран натпревар, во кој водството беше на нивна страна во текот на сите 40 минути. Струмичани уште во првата четвртина создадоа предност од 22:19, а до полувремето дополнително ја зголемија позитивата на 45:38.

Ниту по паузата Бутел не успеа резултатски да се врати во игра. Струмица 2001 продолжи со добрата реализација, стигна и до двоцифрена предност, а по три четвртини имаше сигурни 69:60.

Гостите во последниот период се обидоа да внесат неизвесност, но домашниот тим не дозволи пресврт и заслужено стигна до победата која носи промоција во елитното друштво за сезоната 2026/27.

Најголем херој во редовите на струмичани беше Димитар Пандев, кој блескаше во најважниот меч од сезоната и постигна 30 поени. Значајна поддршка имаше од Александровски со 17 и Јовановиќ со 11 поени.

Кај Бутел, капитенот Мартиноски реализираше 15 поени, Андоновски додаде 12, додека искусниот Јанески сезоната ја заврши со 10 поени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!