Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кочани со триумф над Речица дава значи и за директен опстанок во ПЖФЛ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Кочани во мечот за комплетирање на 24. коло на Првата женска фудбалска лига со 4:2 на домашен терен ја совлада Речица и сега доаѓа на минус три токму од Речица во трката за директен опстанок.

Резултатот го отвори Јована Стојанова која во 22. минута постигна гол за водство на домаќинот од 1:0, а во 41. минута Софија Величковска постигна погодок за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Речица направи и пресврт откако во 51. минута Вања Ристиќ беше максимално прецизна за водство на гостинската екипа од 1:2.

Сепак, не траеше долго радоста на Речица, откако во 59. минута Лина Мицовска погоди за 2:2, а само четири минути подоцна Ванеса Давиткова погоди за 3:2 и пресврт за ново водство на Кочани.

Сите дилеми за трите бодови беа решени во 73. минута кога Стојанова со втор гол ги постави конечните 4:2.

Екипата на Кочани останува во бараж зоната како претпоследна со 10 бодови, но доаѓа на минус три од Речица која е осма на табелата, со тоа сега се разгорува ситуацијата во која Кочани ќе брка и директен опстанок, а пак Речица во следното коло под силен притисок ќе мора да го добие „фенерџијата“ Топ Гол на домашен терен и да го испрати во Втора лига, а Речица да го потврди директниот опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!