ФудбалФутсал

Кратово направи големо изненадување и го совлада СЕЕ Университи во гости!

Сподели
Сподели

Екипата на Кратово запиша херојска победа откако успеа на гостински терен со 2:4 да слави победа над СЕЕ Университи во рамки на 8. коло од Втората футсал лига.

Домаќинот по само една минута игра дојде до водство преку Амин Шаќири, а потоа Димитар Стојановски со два брзи гола донесе водство за Кратово од 1:2. Во финишот на првиот дел Зеќирија Османи постигна гол за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел натпреварот го реши Ѓорѓи Ивановски кој постигна два погодоци во 29. и 38. минута со што трите бодови заминаа во Кратово.

До комплетирање на колото Кратово ќе биде на 7. место со девет бодови, колку што има СЕЕ Университи кој е место подолу на второлигашката табела.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако со убедливи 0:8 славеше над третолигашот Вардар Неготино за пласман во...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го води тимот во понатамошниот дел од првенството. Љабинот Муслиу е нов...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во четвртфиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија откако...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!