Фудбал

ФФМ промовираше 33 нови тренери со УЕФА Ц лиценца: Завршена едукацијата на 11. генерација

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Центарот за едукација на тренери при успешно го комплетираше вториот модул од УЕФА Ц курсот за 11. генерација тренери, со што 33 кандидати официјално се стекнаа со УЕФА Ц тренерска лиценца.

Во рамки на модулот беше реализирана интензивна програма, која вклучуваше и полагање на практичен испит согласно УЕФА конвенцијата за сезоната 2025/26. Кандидатите имаа можност да ги презентираат своите идеи, принципи и методи за подготовка и реализација на фудбалски тренинг за категории до 12 години.

Од Центарот за едукација потенцираат дека УЕФА Ц лиценцата претставува основа за понатамошен развој на тренерите, кои во иднина ќе можат да се надградуваат преку повисоки тренерски програми како УЕФА Б, УЕФА ГК Б и УЕФА Фитнес Б лиценците.

Во позитивна и професионална атмосфера, сите 33 кандидати успешно ги реализираа задачите добиени од менторите и инструкторите, а од ФФМ упатија благодарност за нивниот професионален пристап и посветеност во текот на целиот семинар.

Особено внимание привлекува фактот што интересот за овој тип на едукација продолжува да расте. На последниот конкурс објавен на официјалната страница на ФФМ се пријавиле повеќе од 70 кандидати за УЕФА Ц лиценца.

Во процесот на едукација беа вклучени инструкторите и едукаторите Борче Христов, Вујица Живковиќ, Жикица Тасевски, Менсур Јакупи, Гордан Здравков, Бобан Бабунски, Крсте Ѓоргиевски, Јовица Блажески и Магдалена Лекоска.

Значаен момент од семинарот е и континуираното зголемување на бројот на жени тренери. На овој курс учествуваа пет кандидатки, а од Центарот за едукација потсетуваат дека УЕФА го субвенционира учеството на сите кандидатки кои ги исполнуваат условите за пријавување.

Од Центарот за едукација на тренери истакнаа дека кандидатите во текот на целиот процес покажале високо ниво на мотивираност, посветеност и желба за напредок, со јасна амбиција да продолжат со својата тренерска едукација и во иднина.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!