Кошарка

Струмица 2001 или Бутел? Во „Никола Карев“ ќе падне одлуката за шампионот и патникот во Супер лигата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кој ќе обезбеди место во елитната конкуренција – Струмица 2001 или Бутел? Одговорот ќе биде познат утре вечер, кога во салата Спортска сала „Никола Карев“ со почеток од 18 часот ќе се одигра третиот и решавачки натпревар од финалната плеј-оф серија во Првата македонска лига.

По двата возбудливи натпревари, резултатот во серијата е израмнет на 1-1, па двата тима во одлучувачкиот меч влегуваат со иста цел – шампионска титула и пласман во Супер лигата.

Струмица 2001 во мечот на одлука ќе ја има предноста на домашниот терен, каде што во последниот период игра во одлична форма и ретко губи бодови. Токму таа серија на успешни настапи пред својата публика ќе биде еден од главните адути на струмичани.

Сепак, Бутел добро знае како се победува во Струмица, бидејќи токму скопскиот состав е еден од ретките тимови што успеал да слави во салата „Никола Карев“ оваа сезона. Иако тој триумф дојде во претходна фаза од шампионатот, истиот сигурно претставува дополнителна самодоверба за гостинскиот тим.

Дополнителен плус за амбициите на Бутел е и комплетирањето на ростерот, што беше видливо и на последниот натпревар кога тимот успеа да израмни на 1-1 во серијата.

Се очекува вистинска кошаркарска драма, исполнета со висок ритам, тактичка борба и максимално залагање на двата тима, бидејќи влогот е огромен – титула и место во македонската Супер лига.

Финалната серија кулминира токму со овој натпревар, а љубителите на кошарката во Струмица ги очекува вечер во која ќе се решава цела сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!