ИнтернационалциФудбал

Сашо Даневски назначен за главен фитнес тренер на елитните судии на УЕФА

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа.

Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери од 55-те национални асоцијации членки на УЕФА.

Во изминатите години, Даневски континуирано и посветено ја градеше својата меѓународна кариера во системот на УЕФА. Неговиот професионален пат започна како асистент тренер на курсеви за млади и талентирани судии, по што следуваше активно учество на летни и зимски семинари за елитни судии, програмата Talent & Mentor, како и самостојно водење повеќе месечни курсеви и специјализирани тренинг-активности.

На три последователни работилници Даневски беше ангажиран како инструктор за националните кондициони тренери, а неговата експертиза беше потврдена и преку ангажманот на двете големи европски натпреварувања, UEFA EURO 2024 и UEFA Women’s EURO 2025, каде што беше дел од турнирите до самата завршница.

Веќе подолг период Даневски е одговорен за индивидуални анализи од реализираните семинари со најдобрите европски судии, анализа на натпревари, како и за подготовка и реализација на комплексни тренажни содржини насочени кон носење судиски одлуки под притисок и во услови на висок физички интензитет.

До овој момент, Сашо Даневски директно учествувал во успешната реализација на 33 семинари и работилници на УЕФА, додека како експерт на Фудбалската федерација на Македонија бил ангажиран и во спроведување национални семинари во ШвајцаријаСрбијаЦрна Гора и Саудиска Арабија.

Ова назначување претставува огромно признание за Даневски, но и за Фудбалската федерација на Македонија, македонската судиска организација и стручниот кадар кој сè повеќе се позиционира на највисоко европско ниво.

Особено значајна во овој процес е континуираната поддршка што судиската организација на Фудбалската федерација на Македонија ја добива од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Со јасна визија, отворен пристап и целосна институционална поддршка, првиот човек на македонскиот фудбал овозможува непречен прогрес, професионален развој и создавање услови за унапредување на судискиот кадар на национално и меѓународно ниво. Ваквиот пристап претставува важна основа за понатамошно позиционирање на македонската судиска организација во европските фудбалски структури.

Фудбалската федерација на Македонија му честита на Сашо Даневски за ова исклучително професионално признание и му посакува многу успех во новата, одговорна улога во системот на УЕФА.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!