Кошарка

Познати се осумте четвртфиналисти во М16 кошаркарската лигата во машка конкуренција

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По одигрувањето на осумте натпревари од првата елиминациска фаза, познати се и учесниците во онаа наредната – четвртфинална фаз аод М16 лигата во машка конкуренција.

Пласман во наредниот елиминациски круг обезбедија екипите на:

Вардар, Водно санс, Феникс 2010, Работнички, МЗТ Скопје, МКК Куманово, Ангели и Кожув.

Согласно со ранкингот кој го имаа по завршувањето на регуларниот дел од сезоната, формирани се и натпреварувачките двојки за вториот и последен елиминациски дел од М16 лигата.

За пласман во полуфиналето, односно на финалниот турнир во М16 лигата, осумте четвртфиналисти ќе разигруваат во периодот од 9. до 23.мај:

Вардар – Ангели

Водно санс – Кожув

Феникс 2010 – МКК Куманово

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

Четвртфиналните серии ќе се играат според принципот „подобар од три натпревари“, со наизменично домаќинство (дома-гости-дома).

Првите мечеви ќе се играат на 9. мај, на теренот на подобро рангираните екипи. Наредните на 16.мај, а евентуалните „мајсторки“ на 23. мај.

Финалниот турнир е предвидено да се игра на 30. и 31. мај, на место кое дополнително ќе биде одредено.

М16 ЛИГА-МАЖИ

ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

Вардар – Пелистер 106:55

Пелистер – Вардар 60:67

*Екипата на Вардар ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

Водно санс – ГКК Охрид 67:39

ГКК Охрид – Водно санс 64:92

*Екипата на Водно санс ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

Феникс 2010 – Гостивар 2 77:61

Гостивар 2 – Феникс 2010 49:68

*Екипата на Феникс 2010 ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

МКК Вардар – Работнички 67:102

Работнички – МКК Вардар 80:74

*Екипата на Работнички ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

ИБА Скопје – МЗТ Скопје 78:69

МЗТ Скопје – ИБА Скопје 83:68

*Екипата на МЗТ Скопје ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

МКК Куманово – Работнички 2018 76:74

Работнички 2018 – МКК Куманово 64:64

*Екипата на МЗТ Скопје ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

Борец баскет – Кожув 46:49

Кожув – Борец баскет 76:56

*Екипата на Кожув ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

Спортисимо Аква мила – Ангели 70:72

Ангели – Спортисимо Аква мила 94:65

*Екипата на Ангели ја доби серијата, и се пласираше во четвртфиналето

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

Вардар – Ангели

Видно санс – Кожув

Феникс 2010 – МКК Куманово

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

*четвртфиналните натпревари ќе се играат на 9, 16, евентуално на 23. мај

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!