Кошарка

„Мајсторката“ ќе го даде новиот суперлигаш – Струмица пред својата публика против Бутел

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на Бутел изборија трет и решавачки натпревар во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига, откако на домашен терен ја совладаа Струмица 2001 со 85:77 и израмнија на 1-1 во серијата.

Така, новиот член на Супер лигата ќе биде познат по одигрувањето на т.н. „мајсторка“, која ќе се игра претстојниот викенд во Струмица.

Финалистите одиграа три израмнети четвртини, а клучниот момент се случи во последниот период од натпреварот. По три четвртини, Струмица 2001 имаше минимална предност од 65:63, но Бутел одигра одлична завршница и последната четвртина ја доби со убедливи 22:12, што беше доволно за голем триумф и продолжување на битката за пласман во елитното друштво.

Домашниот тим до победата го предводеше Киров со 22 поени, додека Мартиноски додаде 19. Двоцифрен учинок имаа и Јанески со 11 поени, како и Хот и Атанасов со по десет реализации.

Во редовите на струмичани, Јовановиќ беше најефикасен со 19 поени, Александровски постигна 18, а Д. Пандев натпреварот го заврши со 17 поени.

Сега целата сезона ќе се решава во еден натпревар, а домаќин на решавачкиот дуел ќе биде Струмица 2001, која ќе се обиде пред својата публика да обезбеди пласман во Супер лигата, додека Бутел ќе се надева на уште едно изненадување и историски успех.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Кошарка

Најдобриот тренер во Супер лигата седнува на клупата на КК Кожуф

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија го назначи Миодраг Тодоровиќ за нов шеф...

Кошарка

Ново издание на ФИБА развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи – 60 млади таленти на заеднички тренинзи

Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој...

Кошарка

Петар Денковски дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори во Самоков

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски...

Кошарка

Хорхе Гарбахоса: Драго ми е што Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!