ФудбалЧетврта лига

Стрела 21 по пенал-драма до финале: Тимот од Ерековци на чекор до Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Екипата на Стрела 21 од Ерековци обезбеди пласман во големото финале на Општинската фудбалска лига Прилеп, откако по драматична пенал серија го елиминираше Динамо од Мажучиште.

Во регуларниот дел од првиот полуфинален натпревар немаше победник, а дуелот заврши со резултат 1:1. По израмнетите 90 минути, патникот во финалето беше решен преку пенал рулетот, каде што повеќе присебност покажаа фудбалерите на Стрела 21, славејќи со 5:4.

Со овој триумф, тимот од Ерековци направи голем чекор кон шампионската титула во ОФЛ Прилеп, која носи и пласман во Трета лига – Југ за следната сезона.

Во второто полуфинале, кое се игра утре, силите ќе ги одмерат Кадица и Кадино, а победникот од тој дуел ќе биде противник на Стрела 21 во финалната пресметка за титулата и пласманот во повисок ранг.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Младоста е силата на Истатов: Тимот на Кирил Изов со деца од 2008 и 2009 блеска во елитата

Женскиот фудбалски клуб ЖФК Истатов уште еднаш покажа дека сериозно работи на развојот на младите фудбалерки и создавање на иднината на македонскиот женски...

Кошарка

Бадел 1862 не се предава: „Баделки“ ја одложија титулата на Крива Паланка со драматична победа

Кошаркарките на Бадел 1862 покажаа карактер и огромна борбеност, откако со минимални 71:69 славеа против фаворизираниот состав на Крива Паланка во третиот натпревар...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Младоста е силата на Истатов: Тимот на Кирил Изов со деца од 2008 и 2009 блеска во елитата

Женскиот фудбалски клуб ЖФК Истатов уште еднаш покажа дека сериозно работи на...

Фудбал

Посета на Амбасадорот на Босна и Херцеговина на ФФМ

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и...

КупФудбал

Судиски одлуки и ВАР анализа во Куп натпреварите

Двата реванш полуфинални натпревари од Купот на Македонија беа од особено значење...