Ракомет

Реј Моралес: „Го претворивме заморот во мотивација“ – Охрид покажа шампионски менталитет

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важен триумф на гостувањето кај Алкалоид, славејќи со 27-26 и правејќи голем чекор кон задржување на втората позиција во Супер лигата. Само неколку дена по историскиот успех и пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, „гладијаторите“ покажаа дека знаат како да се носат и со домашните предизвици.

И покрај заморот и кусиот период за подготовка, охриѓани одиграа натпревар со осцилации, но со силен карактер и борбеност успеаја да ги надминат проблемите и да стигнат до посакуваните бодови. Тактичките грешки не изостанаа, но беа надоместени со храброст и решителност во клучните моменти.

Шпанецот во редовите на Охрид, Реј Моралес, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека натпреварот бил исклучително тежок, особено по големиот европски успех неколку дена претходно. Тој потенцира дека тимот бил уморен и можеби недоволно подготвен, но наместо тоа да биде изговор, го искористиле како дополнителна мотивација за да стигнат до победата.

„Ова беше многу тежок натпревар за нас. Само три дена по најголемиот успех во историјата на нашиот клуб, имавме меч на кој повторно можевме да го издигнеме клубот на уште повисоко ниво. Бевме уморни и можеби недоволно подготвени, но наместо тоа да го користиме како изговор, го претворивме во дополнителна мотивација. Имавме многу тактички грешки, но ги надминавме со храброст. Мислам дека тоа е најдобриот опис на натпреварот.“- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со оваа победа, Охрид уште еднаш покажа дека покрај квалитетот, поседува и ментална цврстина – нешто што може да биде пресудно во финишот од сезоната, како на домашната, така и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!