Прва лигаФудбал

Во ЖИВО: Пелистер – Шкендија, дерби под рефлектори во Битола!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вечерва во Битола се игра нов натпревар под рефлектори, овој пат Пелистер ја пречекува Шкендија во рамки на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Нов фудбалски спектакл во кој и двете екипи силно посакуваат три бодови. Пелистер ќе има голема поддршка од трибините, од битолчани, од верните „Чкембари“ и ќе се обиде во одличен фудбалски амбиент како што беше најголемото дерби во Вардар, да го добие и дуелот со Шкендија.

Во Битола се е подготвено за овој спектактл. Шкендија сака три бодови за да се врати на врвот од табелата откако денес победи забележаа Силекс и Гостивар, а пак Пелистер со триумф би можел да скокне едно место на табелата, но сериозно да се одлепи од долниот дел од табелата.

  • ВО ЖИВО: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (ПРЕНОС ФФМ):

Главен судија во Битола ќе биде штипјанецот Димитар Пилешков, негови помошници се Даниел Василевски од Скопје и Кристијан Џонов од Штип. За четврт судија е делегиран Влатко Илиоски од Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!