Трета лигаФудбал

Тетекс е голем фаворит против Камјани, Напредок сака триумф против Доброшти!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

Денес ќе биде отворено 12. коло во Трета лига – Запад со два натпревари.

Напредок на домашен терен ќе атакува на триумф против Доброшти, во израмнет меч каде поранешниот прволигаш посакува три бодови. Натпреварот стартува веќе во 12 часот, а главен судија ќе биде Куштрим Лика.

Камјани на домашен терен ќе има тешка задача против големиот фаворит Тетекс, во меч каде „штофарите“ само три бодови гледаат како опција со цел сочувување на првото место кое води кон баражот за Втора лига. Натпреварот стартува во 13 часот, а правдата ќе ја дели Фуркан Идризи.

Утре во 13:30 ќе се соочат Љуботен и Дрита каде правдата ќе ја дели Пларент Салихи од Тетово, поранешниот прволигаш Ренова ќе игра дерби со Џепчишти, а главен судија ќе биде Александар Урошевиш.

Речица на домашен терен ќе игра против Зајази и ќе бара три бодови за бегство од дното, а главен судија на овој меч кој ќе започне во 12 часот ќе биде Идрис Сали.

Влазерими на домашен терен ќе игра против Велазерими Слатино каде домаќинот е фаворит за трите бодови, а за правдата ќе биде задолжен Бенарт Зеќири, стартот е закажан во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!