Останато

Во изедначен меч Лина Ѓорческа поразена од првата носителка на фјучерсот во Словачка

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ фјучрсот што се игра во W50 Трнава, Словачка за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа по голема борба и натпревар во три сета загуби од француската тенисерка Осеан Додин со 2-1 во сетови за 108 минути игра.

Практично на овој натпревар првиот сет беше најмногу неизвесен, откако Ѓорческа имаше предност од 3:2 во сетови, но тоа Французинката успеа да направи брејки во седмиот гем и да поведе со 4:3. На крајот првиот сет и припадна на Додин со 7:5.

Во вториот сет нашата најдобра тенисерка одигра перфектно без грешка и со 6:0 го доби вториот сет за 1:1 во сетови. Во третиот сет тенисерката од Франциај тргна многу подобра и го доби сетот за конечни 2:1.

Веќе следната недела најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува настап на W50 ИТФ фјучрсот во Селва Гардена во Италија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!