Прва лигаФудбал

„Комити“ на прес-конференција: „Ни кажаа или Миленко во Вардар или клубот нема да постои“!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Вардар од летово има ново раководство, по превземањето на клубот од страна на новиот мнозински акционер Атила Бижен Жалили, а пак здружението „35 години Вардарци Скопје“ кое што то водеше клубот во минатата сезона, сега има 15% од акциите во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

По тој повод беше одржана прес-конференција на која Милорад Миленковски зборуваше за целата ситуација.

„На 10 јуни имавме средба со претставници на Владата, каде што ни беше кажано дека решението за ФК Вардар е на повидок и дека ќе треба за тоа да се случи ние да ги предадеме нашите акции. Во тој момент значи после одредено колебање, тоа од прилика е некаде 10 јуни се договоривме дека тие наши акции ќе ги предадеме, на инсистирање на тие коишто не повикаа, а на барање на всушност на инвеститорот е поставен господинот Миленко Неделковски како вршител на должност извршен директор на ФК Вардар тогаш. Меѓутоа, тоа не го прифативме во тој момент моравме да се консултираме со со нашето членство бидејќи како што спомнав на почетокот како здружение сме правен застаник односно субјект кои што ги застапува интересите на навивачката група „Комити Запад“. На 3. јули свесни за ризикот Вардар да не пропадне на некој начин бевме принудени ФК Вардар да го предадеме и да пружиме рака со господинот Миленко Неделковски односно со тие кои што него го промовираа. Значи преска спомнавме дека се разгледуваше драфт верзија на договорот на ФК Вардар односно на здружението „35 години Вардарци“ со претставниците на господинот Атила. Откако добивме нови аргументи дека ФК Вардар ќе биде заштитен, значи на некој начин влеговме во таа игра и се согласивме да биде претставник поради тоа што неизбежно и ние не го избираме тоа едноставно ние е претставено на маса, ситуацијата е ваква – или Миленко ќе биде во фудбалскиот клуб Вардар или Вардар нема да постои“, рече Миленковски на прес-конференцијата.

Вардар е во долниот дел од табелата односно во зоната за директно испаѓање, а викендот ќе игра во Охрид против Воска Спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!