Трета лигаФудбал

Тетекс со важен триумф над Ренова, Дрита преку Џемаили го „тресна“ Напредок

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Со два натпревари беше отворено 11. коло во Третат афудбалска лига – Запад, каде беа забележани две домашни победи.

Тетекс на домашен терен со 2:0 славеше важен триумф над некогашниот прволигаш Ренова, победа важна за „штофарите“ кои сакаат експресно да се вратат во Втората фудбалска лига.

Ерјон Елмази по 13 минути игра погоди за рано водство на домаќинот, а во вториот дел Меритон Салји погоди за конечни 2:0.

Дрита на домашен терен преку Хузри Џемаили славеше со 2:0 над некогашниот прволигаш Напредок од Кичево.

Колото ќе се комплетира утре, најавата на Спортска Мрежа за истото е достапна овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!