Трета лигаФудбал

Теренот во село Пчиња е подготвен за третолигашки фудбал: ФК Пчиња се враќа на својот терен!

Сподели
Сподели

Новиот третолигаш во северниот регион екипата на Пчиња ја заврши реконструкцијата на својот терен во село Пчиња, кумановско со што клубот се враќа натпреварите како третолигаш да ги игра на својот терен и пред својата публика.

Претседателот на клубот, Боби Маневски за Спортска Мрежа истакна дека е многу среќен што клубот ќе настапува дома и пред својата публика која тоа го заслужува.

„Најголемиот товар што го имав конечно ми се симна од срце конечно завршивме со реконструкција на нашиот терен пред влезот во Трета лига -Север, како претседател ветив дека ќе успеме и така се случи првин се израдував јас моите играчи и тренери. Пресреќен сум што ќе играме дома, нашата публика го заслужува тоа и нашето прекрасно македонско Село Пчиња. Уште еднаш ќе се заблагодарам на Генералниот спонзор Ристовски и се разбира и жителите на село Пчиња за финасиска помош и директна подршка за реализација. Затоа сега за викенд играме со ФК Беса од Слупчане која е сериозна екипа во Трета лига – Север, но ние пред домашна публика и жар ќе се обидеме да ги освоиме новите три бода и да излеземе од негатива и да се израдуваме сите. Еден спортски поздрав од мене за сите спортисти и една порака за мене животот е фудбал“, рече Маневски.

Викендот во рамки на 11. коло Пчиња на својот терен и пред својата публика ќе ја пречека Беса Влазрими во обид да дојде до трето славје против фаворитот кој е на делба на четвртото место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!