Ракомет

ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија исклучени од сите натпреварувања на РФМ, суспензија за Валентина Радуловиќ!

Сподели
Голманката ја додава топката до ракометарка од нејзината екипа, а истата си постигнува автогол
Сподели

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за скандалозниот натпревар од женскиот Куп на Македонија меѓу Скопје и Гевгелија каде ракометарките си даваа автоголови, но и наводно намерно го промашувале голот на противникот.

Според одлуката на РФМ, ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија се исклуени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Дополнително, суспензија добија и офцијалните лица на двата клуба, но и делегатот.

Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, доби суспензија односно забрана за вршење на функција во ракометот во следните две години, а исто казна добива и тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Претседателот на ЖРК Гевгелија, Јулија Беќарова, исто така добива забрана за вршење на ракометна функција во период од следните две години, а пак делегатот на натпреварот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на оваа функција во следните шест месеци.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа на натпреварот од Купот на Македонија ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, за што може да се види и од снимките на самиот натпревар, а ваквиот голем срамен скандал не само што ја стресе ракометна Македонија, туку за ваквиот срамен скандал известуваше цел Балкан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!