ФудбалЧетврта лига

Студенчани ништо не го запира – постигнати 35 погодоци без ниту еден примен!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По пет одиграни кола во Општинската фудбалска лига Кисела Вода или Четврта лига по ранг на натпреварување екипата на Студеничани доминира и сака нов бараж за влез во Трета лига – Север, откако минатата сезона ги загуби двата бараж натпревари и остана во ОФЛ.

Студеничани е лидер на табелата во ОФЛ Кисела Вода со максимални 15 бодови на своето конто, а на овие натпревари Студеничани доминира, откако постигна фантастилни 35 гола, а тимот нема примено ниту еден погодок.

Најблиску до Студеничани е тимот на Слободен кој е втор со учинок од четири победи и едно реми и има 13 бодови, а толку бодови има и Победа 2012 која е трета.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ КИСЕЛА ВОДА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК Студеничан 5 5 0 0 35 0 +35 15
2 ФК СЛОБОДЕН 5 4 1 0 20 5 +15 13
3 ФК ПОБЕДА 2012 6 4 1 1 19 7 +12 13
4 ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ 6 4 0 2 31 11 +20 12
5 ФК ЗЕЛЕНИКОВО 2022 6 3 1 2 25 11 +14 10
6 ФК СЛАВИЈА ПРЖИНО 6 3 1 2 13 12 +1 10
7 ФК ТЕКСТИЛЕЦ 6 2 2 2 14 10 +4 8
8 ФК ВАРДАР 75 6 1 0 5 7 34 -27 3
9 ФК ССК НОВА 6 0 0 6 7 31 -24 0
10 ФК ССК МЛАДИНЕЦ 6 0 0 6 4 54 -50 0

Натпреварот од првото коло меѓу Слободен и Студеничани не се одигра и се’ уште истиот не е со решен статут. Причината поради која не се одигра овој натпревар е поради несоодветен терен за игра, за што во официјалниот записник од натпреварот е наведено дека ќе има дополнителне извештај. Натпреварот требаше да се одигра на 23. октомври.

Шампионот игра бараж за влез во Трета лига – Север, минатата сезона Студеничани играше бараж со Пчиња но загуби во пенал рулетот, а пак Ржаничино го доби Њу Старс, во вториот бараж натпревар од поразените екипи Њу Старс беше подобар од Студеничани, со што од овие четири екипи само Студеничани остана во Четврта лига, останатите станаа нови членови на Трета лига – Север.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!