Шкендија Арачиново е без конкуренција, убедливо гази се пред себе на патот кон баражот за Втора лига. Тимот од Арачиново има ростер на играчи со кои би бил и во горниот дел на Втората лига, а на денешниот меч со убедливи 0:5 го декласираше Ржаничино.
Шаип постигна гол во финишот на првиот дел за 0:1, а во второто полувреме Алити постигна два гола, а по еден гол постигнаа Десниќ и Цаколи.
Башкими Љуботен преку трите гола на Бејтула Авдулаи го тресна екс прволигаш Еуромилк ГЛ со 3:1, во меч каде за гостинот единствен стрелец беше Томче Павловски.
Риниа со убедливи 4:0 славеше над Кадино во меч каде Бесир Јусуфи посигна три гола, а во вториот дел Емини постигна гол за конечни 4:0.
Фортуна запиша нова победа откако со 2:1 славеше над Пчиња во натпревар каде домаќинот преку пресврт дојде до победата по чистите мрежи во првиот дел. Виктор Димков постигна гол за 0:1, а потоа голгетерот Орхан Мифтар стрелаше за 1:1, а пак Флорим Дема ги постави конечните 2:1.
Академија Илинден запиша нов пораз, овој пат висок од 1:6 од тимот на БВК Коњаре. Ертан Демири беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Бишевац, Ќани, Пајазит и Јусуфи, а пак за домаќинот стрелаше Исмет Хајдари.
Њу Старс дома претрпе голем пораз од Аеродром со резултат од 1:4, откако Алексоски постигна два гола, а по еден гол постигнаа Пешовски и Наумовски. За домашниот тим младиот и талентиран Александар Грашески беше единствен стрелеци.
Ланскиот шампион Куманово запиша висока победа од 1:4 над тимот на Беса Влазрими, во натпревар каде Тодоровски и Јановаски погодија за 0:2, а пак Бајрами намали на 1:2. Во вториот дел Ергин Шерифи со два гола ги постави конечните 1:4.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА СЕВЕР:
Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ЗФК Шкендија Арачиново 77 | 10 | 9 | 1 | 0 | 36 | 1 | +35 | 28 |
2 | ФК ФОРТУНА | 10 | 7 | 2 | 1 | 24 | 9 | +15 | 23 |
3 | ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД | 10 | 6 | 3 | 1 | 26 | 12 | +14 | 21 |
4 | ФК Аеродром 2018 | 10 | 6 | 0 | 4 | 17 | 14 | +3 | 18 |
5 | ФК БЕСА-ВЛАЗРИМИ | 10 | 6 | 0 | 4 | 24 | 26 | -2 | 18 |
6 | ФК БВК КОЊАРЕ | 10 | 4 | 3 | 3 | 25 | 20 | +5 | 15 |
7 | ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН | 10 | 3 | 4 | 3 | 20 | 18 | +2 | 13 |
8 | ЗГ ФК КУМАНОВО | 10 | 3 | 4 | 3 | 18 | 21 | -3 | 13 |
9 | ФК РЖАНИЧИНО | 10 | 3 | 3 | 4 | 21 | 23 | -2 | 12 |
10 | ФК Академија Илинден | 10 | 3 | 1 | 6 | 9 | 31 | -22 | 10 |
11 | ФК КАДИНО | 10 | 3 | 0 | 7 | 9 | 24 | -15 | 9 |
12 | ФК РИНИА 98 | 10 | 2 | 1 | 7 | 14 | 27 | -13 | 7 |
13 | ФК ПЧИЊА 2015 | 10 | 2 | 0 | 8 | 11 | 19 | -8 | 6 |
14 | ФК ЊУ СТАРС | 10 | 1 | 2 | 7 | 15 | 24 | -9 | 5 |