Трета лигаФудбал

Џелеши во финишот го реши натпреварот – Влазними слави минимално над Демир Хисар

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Деветтото коло од Трета лига – Југозапад беше отворено денес со минималната победа на Влазними од 1:0 над Демир Хисар, натпревар кој го реши Рејхан Џелеши во 89. минута од натпреварот.

За екипата на Влазними оваа беше четвртата сезонска победа и сега има учинок од четири победи, едно реми и четири порази за вкупно 13 бодови и барем до утре кога ќе се комплетира деветтото коло ќе биде на шесттото место на табелата.

Демир Хисар сезонава не е според посакуваната форма, со скор од две победи и седум порази има шест бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата. На денешниот натпревар Демир Хисар допатува само со двајца играчи на клупата за резерви, па тенката ротанција можеби беше и една од причината за замор кај играчите за денешниот пораз.

Колото се комплетира утре со останатите натпревари, за кои веќе Спортска Мрежа извести.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!