Трета лигаФудбал

Славеј подготвен за старото локално дерби со Сатеска кое се чекаше 20 години! Мешеишта се мобилизира за поддршка!

Сподели
Сподели

Деветтата рунда на Третата фудбалска лига – Југозапад ќе биде одбележана со долгоочекуваното враќање на старото локално дерби меѓу Славеј и Сатеска, два соседни клуба кои не се соочиле речиси 20 години. Натпреварот ќе се одигра на теренот во село Мешеишта, а истиот повеќе од јасно е дека ќе биде привлечен и интересен за локалното население, во соочување каде трите бодови се силен императив и за двете екипи.

Славеј ќе ја бара третата сезонска радост, домашниот терен и поддршката од домашната публика за нив ќе биде предност во обид за нови три бодови со кои би можеле да прогресираат до две места на табелата, а од друга страна Сатеска од Волино го има најдобриот стрелец во лигата Никола Секулоски со 16 погодоци, кој ќе биде моторот на тимот и на овој меч со тоа што Сатеска ќе бара шесто славје и ќе напаѓа за прво место.

„Нашата подготовка за овој натпревар беше темелна. Внимателно ги анализиравме последните настапи на Сатеска и верувам дека сме подготвени да се соочиме со нив. Сепак ги почитуваме како тим, не очекуваме овој натпревар да биде лесен за нас. Нашиот фокус е да ја контролираме играта и да одиграме според нашите планови. Имам доверба во моите играчи, а ние сме во полн состав, со исклучок на суспендираните играчи. Тимот е мотивиран, а ние сме решени да ги земеме сите три бода. Очекуваме фер и коректен натпревар, но на крајот, фокусирани сме да ја обезбедиме победата“, рече тренерот на Славеј, Никола Целакоски во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Фудбалерот на Славеј, Иван Стрезоски е поранешен фудбалер токму на Сатеска, тоа за него, но и за неговиот тим ќе биде предност, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека противникот има некои опасни играчи, додава дека се подготвени и фокусирани да го дадат најдоброто од себе.

„Како играч кој ги мина последните две сезони во ФК Сатеска, точно знам што да очекувам од нив на теренот. Имаат некои опасни играчи, а ние соодветно се подготвуваме да ги неутрализираме нивните закани. Но, можам да ви кажам, атмосферата во нашиот тим е фантастична во моментов, и сите се целосно посветени на освојување на трите бода. Сите сме фокусирани и подготвени да ги дадеме нашите најдобри перформанси. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги поканам сите навивачи на ФК Славеј да излезат и да не поддржат во Недела. Заедно, можеме да се погрижиме бодовите да ни останат дома“, рече Стрезоски во изјавата за Спортска Мрежа.

Ваквите натпревари во Третата фудбалска лига се вистински фудбалски празник за населените места, кои со нетрпение очекуваат натпревар со цел да уживаат неколку часа во фудбалски натпревар.

Главен судија на натпреварот во Мешеишта ќе бие Горан Балески од Охрид, негов прв помошник ќе биде Љупчо Сотироски од Охрид, а пак втор помошник ќе биде Михајло Ванкоски, исто така од Охрид. За делегат е делегиран Пецо Митрески од Охрид, а пак контролор на овој меч ќе биде Богоја Маркоски од Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!