Во сабота (14.Февруари), салата „Билјанини извори“ повторно ќе биде во центарот на вниманието, бидејќи ГРК Охрид го очекува уште еден важен, европски дуел оваа сезона. Тимот, со нови засилувања и големи амбиции, ќе се соочи со предизвикот да го потврди својот квалитет и да ја искористи поддршката од домашната публика. По возбудливите резултати на домашна сцена и историскиот чекор кон европската пролет, охриѓани се подготвени да ги дадат сите сили на теренот, да ги покажат своите способности и да создадат уште една незаборавна вечер за навивачите.
А сега, во центарот на нашата забавна рубрика денес е Дарко Ѓукиќ – десното крило на охридската ракометна тврдина, човекот кој секогаш знае како да донесе гол и насмевка на теренот. Српското десно крило дојде во Охрид со богато европско искуство. Во својата кариера настапуваше за Металург, Вардар, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и за романскиот шампион Динамо Букурешт.
Има настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига, а со репрезентацијата на Србија е дел од светски и европски првенства. Со својата динамика, искуство и постојаност на високо ниво, Ѓукиќ е едно од клучните засилувања на Охридската ракометна Тврдина. Го запознавме Дарко Ѓукиќ и неговата впечатлива кариера, и го прашавме неколку забавни прашања за него – за животот во Охрид, соиграчите и подготовките за саботниот натпревар со Дукла Прага.
- Во својата богата кариера имаш играно долг период во Македонија- и во Металург, и во Вардар, а сега и во Охрид. Како гледаш сега на тие периоди од твојата кариера? 🇲🇰🤾♂️
Искрено, Металург поради финансиските проблеми беше само една преодна станица, додека во Вардар поминав три прекрасни години.
- Ако Вaрдар, Металург и Охрид се три поглавја од книга – кое е највозбудливо од оваа дистанца? 📖🤾♂️🇲🇰
Охрид- затоа што е нов проект со нова екипа и тоа претставува ново искуство за мене.
- Што би кажал за македонскиот ракомет, и Супер лигата оваа сезона, бидејќи доста добро ти е познат? 🔥🤾♂️
Ова ќе биде возбудлива сезона, многу квалитетни екипи и никогаш потешка борба за титулата – сите четири клуба се во игра.
- Што најмногу те привлече за да дојдеш во Охрид ? 🌊🤾♂️🔵⚪
Најмногу ме привлече тоа што се создава еден проект и се гради клуб кој ќе биде препознатлив на европската сцена. 💪

- Кој е твој најдраг натпревар што си го одиграл за Србија и ќе го паметиш секогаш? 🇷🇸
Кога дебитирав во 2012 година, на пријателски натпревар против Германија. Тоа е мојот најдраг момент, кој ќе го паметам секогаш.
- Како е да се работи со Раул Гонзалез?
Одлично, еден од најдобрите тренери на денешницата, дефинитивно. 🤝🏅
- Најдраг колега од репрезентација со кој си најблизок приватно?
Милош Орбовиќ.
- Кој е твој идол во ракометот?
Немам.
- Кој голман најмногу си го „прочитал“ во кариерата, а кој те натерал да си речеш: „е, овој ме прочита мене“?
Немам ни тоа. 😄
- Контра или позиционен напад?
Позиционен напад.
- Гол од тежок агол или пенал? 🎯
Гол од тежок агол.
- Скок-шут или лоб? 🥅🤾♂️
Скок-шут.

- Кој соиграч најдобро те „чита“ на терен и најчесто ти асистира?
Анте Иванковиќ. 😁
- Кој е најголем мотиватор во екипата кога резултатот не оди по план?
Тоа сум јас. 😄
- Кој од соиграчите е најгласен во соблекувална пред важен меч?
Најгласен? Давид Савревски. 😁
- Кој е најсмирен во клучни моменти кога натпреварот се ,,крши” ?
Тилен Стрмљан. 😌
- Кој од тимот е најголем шегаџија, а кој е најсериозен – двајца сосема различни карактери? 😄
Па..Савре е најголем шегаџија, а Тасе – најсериозен.
- Со кого од екипата имаш најдобра ,,хемија’’ надвор од терен? 😄
Со повеќето соиграчи – генерално, Охрид е мал град и често сме заедно.
- Кој е „тивкиот лидер“ во Охрид, што не зборува многу, ама сите го следат?
Стрмљан. ✊
- Кој секогаш верува дека ќе победите, без разлика против кого играте?
Бојан Блажески- Божо. 💪🧤
- Кој е најстрог кон себе кога ќе направи грешка?
Лиапис.
- Кој соиграч зборува многу, а кој соиграч зборува малку, ама на време?
Малку, но на време – Гоце, а многу..хм таков – нема. 😁

- Имаш ли некој ритуал пред натпревар?
Немам ништо посебно.
- После голем натпревар – релакс или анализа до ситни детали?
Релакс. 😌
- Европски меч дома или дерби во Супер лига?
Европа. 🔥🤾♂️
- Ајде малку да предвидуваме 😏 – кој мислиш дека ќе го даде првиот гол за Охрид против Дукла Прага? 😁
Јас. 😄🎯
- Кој детал најмногу може да пресуди против Дукла – одбрана или дисциплина во напад?
Мислам дека одбраната е таа што може да пресуди. 🧱✊
- Ако победите убедливо дома – кој прв ќе влезе во соблекувална со насмевка до уши? 😄
Славче. 😄
- Порака до публиката – што очекуваш од нив на 14-ти, а што тие можат да очекуваат од вас? ⚪🔵🍀
Ги повикувам да дојдат во што поголем број и да бидат нашиот осми играч – потребни ни се за да направиме историски успех заедно! 🏅🏆✊
Со силна поддршка од трибините и желба за уште еден успешен настап, ГРК Охрид ќе го одигра натпреварот во сабота со цел да создаде незаборавна вечер за навивачите и да ги искористи сите сили на теренот за уште еден чекор кон европската пролет.