Останато

Пробиштип ги награди најуспешните: Избрани најдобрите спортисти и екипи за 2025 година

Сподели
ФОТО: Општина Пробиштип
Сподели

Општина Пробиштип по седми пат по ред ја организираше традиционалната спортска манифестација „Избираме најдобар спортист и спортска екипа за 2025 година“, која се одржа во Домот на културата „Злетовски Рудар“. Настанот беше посветен на признавање и вреднување на трудот, резултатите и придонесот на спортистите, тренерите и спортските работници од општината.

Во соработка со локалните спортски клубови и здруженија, беа номинирани и избрани најуспешните поединци и колективи во повеќе категории. Признанието за Спортист на годината кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип му припадна на одбојкарот Филип Савовски, додека титулата Спортист на годината во рамки на општината ја освои каратистката Бојана Пешовиќ.

За спортски подвиг на годината беше награден Горан Митков од областа на планинарството, а признанието Млад надежен спортист го доби Михаил Томев (карате). За својот континуиран и успешен ангажман, Љупчо Русевски беше избран за најдобар тренер за 2025 година, додека признанието Спортско здружение на годината му беше доделено на СПД Пробиштип.


Посебно признание за трајни вредности во спортот доби Анѓел Коцев од фудбалот, а за исклучителен придонес во развојот, афирмацијата и промоцијата на спортот во општина Пробиштип беа наградени Зоран Стојановски, Мики Лепитков, Лидија Илиевска и Лалица Митовска од кошарката.


Свое обраќање на настанот имаа градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, како и Илија Ристески од Министерството за спорт, истакнувајќи ја важноста на поддршката за локалниот спорт. За начинот и постапката на избор на наградените информираше Радослав Илиевски, раководител на Одделението за јавни дејности при општина Пробиштип.

На свеченоста присуствуваа бројни спортисти, претставници на спортски здруженија, членови на Советот на општината и љубители на спортот, кои со аплауз ги поздравија најуспешните за 2025 година.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!