Кошарка

Гостите доминираа во ТОП 8: Струмица ФМП силна „Под Кале“, победи и за Бутел и Борец

Сподели
Сподели

Возбудливо и динамично започна втората фаза од Првата македонска кошаркарска лига, а првото коло во ТОП 8 групата донесе целосна доминација на гостинските екипи, кои забележаа победи на сите четири натпревари.

  • Плеј-оф

Вардар – Струмица ФМП 76:96
Струмица ФМП одигра одличен натпревар на гостувањето „Под Кале“ и сосема заслужено стигна до убедлива победа. Клучна беше втората четвртина, во која гостите предноста од 21:18 ја претворија во високи 50:31 на полувреме. Во продолжението Вардар се обиде да се врати, но струмичани ја контролираа играта до самиот крај и со триумфот израмнија на скор 4-3.
Пандев беше прв стрелец со 23 поени, Стојанов додаде 22, Александровски 18, а Масевски 10. Кај Вардар, Ѓорѓевиќ постигна 29, а Младеновски 19 поени.

Водно Санс – Борец Баскет 87:104
Борец Баскет направи „брејк“ во Скопје со доминантно прво полувреме, по кое велешани водеа со недостижни 63:38. Седум играчи на Борец завршија со двоцифрен учинок. Чадамов реализираше 24 поени, Тимоти Џејмс 22, Штерјов 15, Сапроновски 13, Пајиќ 11 и Трпески 10. За Водно Санс, Стојановски имаше 21, Трајанов 19, Кузманов 15 и Букрлишев 12 поени.

Мега Баскет – Бутел 99:106
Бутел стигна до многу важна гостинска победа во Прилеп со ефикасен напад и дури 106 поени. Петмина играчи беа двоцифрени – Атанасов со 26 поени, Јанески и Киров со по 22, а Хот и Мартиноски со по 10. Кај Мега Баскет, Враниќ постигна 25, Јовановски 17, Домлески 14 и Димитриевски 11 поени.


Охрид – Соколи 1933 55:75
Соколи 1933 ја комплетираа серијата гостински победи со сигурен триумф во „Билјанини Извори“. Клучна беше третата четвртина, добиена со 24:11, по која штипјани стигнаа до победа од 20 поени разлика и скор 4-3. Тодороски постигна 17 поени, Халлитон 13 и Костадинов 10. Кај Охрид, Кузманоски имаше 13, а Бојовски 12 поени.


  • Плеј-аут

Тетекс ТТК – Струмица Ролинг 88:50
Тетекс ТТК сигурно го отвори плеј-аутот со убедлива победа и чекор поблиску до опстанокот. Крстевски реализираше 23 поени, Костоски 12, а Теофиловски и Д. Крстевски по 11. Кај Струмица Ролинг, Ѓорѓиев постигна 13 поени.

Младинец – Спортисимо 101:86
Младинец ја забележа првата победа во плеј-аут фазата. Шуменовски и Матев постигнаа по 24 поени, додека новиот Американец Креспо додаде 19. За Спортисимо, Митрев имаше 18, Максимов 17, Ристовски 14 и Радически 10 поени.


Црн Дрим – Овче Поле 102:77
Црн Дрим беше убедлив пред домашната публика и со победата се искачи на делба на првото место со скор 4-1. Д. Шабани блесна со 32 поени, А. Шабани додаде 17, Камилоски 12 и Петрески 10. За Овче Поле, Стерјовски постигна 18, а Здравковски 15 поени.

По првото коло од втората фаза, трката во плеј-офот и борбата за опстанок во плеј-аутот ветуваат уште многу неизвесност и возбудливи натпревари во продолжението од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!