ИнтернационалциФудбал

Фитон Адеми ново засилување на Лапи

Сподели
ФОТО: KF Llapi
Сподели

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Фитон Адеми го засили косовскиот Лапи. 23-годишниот напаѓач го прави својот прв интернационален трансфер, а во косовскиот тим доаѓа од редовите на македонскиот шампион Шкендија.

Претходно, Адеми настапуваше за Беса од Добри Дол, Воска Спорт, Струга Трим Лум и Тетекс од каде и ја започна кариерата. Минатата сезона Адеми со Шкендија ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот тим на Фитон Адеми се наоѓа на седмото место во косовската Суперлига со 21 бод на своето конто, пролетниот дел во косовскиот шампион започнува овој викенд, а Лапи ќе гостува кај тимот на Дреница кој е место подолу на табелата со бод помалку.


Во пролетниот дел Фитон Адеми ќе треба да помогне Лапи да има што подобар пласман на табелата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!