Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Естонија даде отпор, но Македонија победнички ги отвори квалификациите за ЕП!

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Македонската ракометна репрезентација славеше над Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.
Македонија победаа ја обезбеди во последните десеттина минути игра, кога при 28:28 нашата репрезентација влезе во серија за 32:28,а тоа беше и пресудно за конечните 37:33.

Македонија отвори одлично, имаше 8:4, а потоа и 9:6, дојде и до нови плус четири при 13:9, а потоа гостинот направи серија и дојде до 20:20 на полувреме.

Во вториот дел Естонија имаше само плус само еднаш при 24:26, вообичаено се играше гол за гол, а Македонија при 28:28 направи од плус пет кога дојде до 34:29, а потоа на крај исходот беше 37:33.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Серафимов со десет гола, а пак Филип Кузмановски и Марко Митев постигнаа по седум погодоци. Кај Естонија најдобар беше Карл Том со 11 погодоци со што воедно беше најдобар и на самата средба.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров в недела ќе играат против Литванија во гости.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!