Ракомет

Верните „рибари“ со мобилизација: Време е да се вратиме во нашиот храм!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Заврши зимската пауза, од утре започнува пролетниот дел во ракометната Суперлига со натпреварите од 19. коло.

Утре, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра натпреварот меѓу фаворитот Охрид и Прилеп, меч кој ќе стартува во 19 часот, а верните „рибари“ веќе започнаа со мобилизација: „Време е да се вратиме во нашиот храм!“

Навивачката група „Рибари“ упати јасен повик до сите љубители на ракометот – време е повторно да се исполни салата и заеднички да се застане зад тимот. Одличната форма и резултатите што ги прикажуваат охридските ракометари се дополнителен мотив, а целта е јасно поставена: борба за што е можно повисок пласман во домашното првенство и успешен настап на европската сцена.


Собирот на верните навивачи е во 18:30 часот, заден влез, цената на влезницата без членска карта е 100 денари, а со членска карта е 50 денари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!