Ракомет

Отворен повик за нови ракометни судии: Здружението на судии бара нови кадри

Сподели
Сподели

Здружението на ракометни судии на Македонија, преку својата Стручна комисија, објави јавен повик за пријавување на нови ракометни судии, со цел подмладување и унапредување на судискиот кадар во македонскиот ракомет.

Повикот е наменет за сите љубители на ракометот кои сакаат активно да бидат вклучени во спортот и да се развиваат во професионална и спортска насока. Заинтересираните кандидати треба да имаат најмалку 16 години, да имаат играно ракомет или да поседуваат основно познавање на играта, како и силна желба да бидат дел од ракометното семејство.

Како предуслови се наведуваат добри комуникациски способности, подготвеност за тимска работа, одговорност, дисциплина и почитување на принципите на фер-плеј. Исто така, кандидатите треба да бидат психофизички подготвени и отворени за учество на обуки, семинари и тестирања, како и за судење на натпревари според официјален распоред, најчесто за време на викендите.

Пријавувањето се врши со испраќање кратка биографија (CV) на е-поштата strucna.komisija@gmail.com, а рокот за аплицирање е до 15 февруари.

Од Стручната комисија упатуваат порака до сите млади и мотивирани спортски ентузијасти: сега е вистинскиот момент да се приклучите и да станете дел од ракометот од една поинаква перспектива – како ракометен судија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!