Ракомет

ЖРК Вардар се засили со репрезентативката Евгенија Смиљковска

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува со интензивните подготовки за продолжението од сезоната и паралелно го заокружува ростерот со квалитетни млади ракометарки. „Црвено-црните“ зад себе веќе имаат успешно учество на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“, каде стигнаа до златниот пехар, а дел од тој успех беа и новите засилувања кои постепено се интегрираат во тимот.

Од денес, Вардар и официјално доби уште едно репрезентативно име во своите редови. Нов член на скопскиот клуб е десниот бек Евгенија Смиљковска, која во Вардар доаѓа од екипата на Металург Автокоманда.

Смиљковска е млад, но веќе докажан ракометен талент, кој зад себе има значајни индивидуални и репрезентативни успеси. Минатата година беше прогласена за МВП на пионерскиот фајнал-фор, што е уште една потврда за нејзиниот потенцијал и квалитет. Таа настапуваше за кадетската репрезентација на Македонија на Европското првенство во Црна Гора, беше дел од националниот тим на ЕМОФ во Скопје, а се најде и во изборот за настап на Медитеранското првенство во Приштина.


Со трансферот на Смиљковска, Вардар дополнително ја засилува бековската линија и продолжува со стратегијата за градење тим со млади, перспективни и репрезентативни ракометарки. По претходно промовираните Таида Беровиќ, како и сестрите Ања и Мила Лашкоски, доаѓањето на Смиљковска е уште еден јасен сигнал за амбициите на „црвено-црните“ во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!