Прва лигаФудбал

Првото пролетно коло во Прва лига ќе се игра во три дена!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди термините и саатниците за првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига, а втората полусезона стартува на 10 февруари (вторник).

Колото ќе се игра во три денови, односно вторник, среда и четврток, а терминот е 14 часот за сите натпревари.

Пролетната полусезона се отвара со двата дуели кои на програмата ќе биде на 10 февруари (вторник), кога Шкупи ќе го пречека Тиквеш, а дербито ќе го одиграат Шкендија и Струга Трим Лум. Во среда (11 февруари) на програмата ќе бидат два натпревари. Вардар ќе го пречека Арсими, а пак во Кратово ќе се соочат Силекс со Башкими.

Првата пролетна рунда или 17. коло се затвара во четврток (12 февруари) со последните два меча. Во Струмица ќе се соочат Брера и Македонија ЃП, а пак Пелистер во Битола го чека Работнички.


Прволигашите влегуваат во последни подготовки пред стартот на пролетниот дел од фудбалската елита на Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!