Останато

Бронзен медал за Милијана Релиќ на силниот Фуџарија Г-2 Опен турнир во ОАЕ

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Милијана Релиќ имаше одличен настап на меѓународната таеквондо сцена и изминатиов викенд се закити со бронзен медал на Фуџарија Г-2 Опен турнирот што се одржа во Обединетите Арапски Емирати.

Македонската натпреварувачка стартуваше сигурно и убедливо уште во првата борба, каде ја совлада Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди, покажувајќи одлична форма и стабилност во клучните моменти.

Потоа следуваше дуелот за бронзеното одличје, во кој Релиќ повторно доминираше и беше подобра од Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така со 2:0 во рунди, со што заслужено се искачи на победничкиот подиум.

Во полуфиналето Милијана се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба беше принудена да ја предаде борбата поради повреда, односно истегнување на мускул, што ја спречи да продолжи и да се бори за пласман во финалето.

И покрај повредата, Мила го освои бронзениот медал на силниот Г-2 турнир и претставува голем успех за Релиќ и уште една потврда за нејзиниот квалитет и потенцијал на меѓународните таеквондо натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!