Трета лигаФудбал

Шпенд Асани е ново засилување на Камјани – лидерот од Трета лига Запад промовирано искусен фудбалер!

Сподели
Сподели

Камјани продолжува силно да чекори кон својата цел во Трета лига – Запад. Лидерот на табелата официјално го потврди доаѓањето на искусниот фудбалер Шпенд Асани, кој во редовите на Камјани пристигнува од прволигашот Арсими.

29-годишниот Асани зад себе има богата и респектабилна кариера, најчесто врзана за настапи во Првата лига. Во досегашниот фудбалски пат ги носеше дресовите на Шкупи, Шкендија, Арсими, како и на повеќе екипи во Македонија и регионот. Дел од својата кариера ја градеше и на меѓународна сцена, настапувајќи за Гњилани во Косово, а има играно и за Велешта, Воска Спорт, Дрита, Вардар Форино, Беса од Добри Дол и Велазерими од Кичево.

Од клубот истакнуваат дека со доаѓањето на Асани не добиваат само фудбалер со квалитет, туку и лидер на теренот – играч со карактер, искуство и победнички менталитет, кој треба да биде важен фактор во продолжението од сезоната.


Камјани во моментов е убедлив лидер во Трета лига – Запад со 27 бодови по 10 одиграни натпревари, остварени девет победи и еден пораз. Тимот се истакнува и со најдобар напад во лигата (28 постигнати голови), но и со најцврста одбрана, која има примено само девет погодоци – единствена со едноцифрен број на примените голови.

Со ангажманот на Шпенд Асани, Камјани испраќа јасна порака дека сериозно ја напаѓа целта и дека нема намера да застане на патот кон повисок ранг.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!