Кошарка

Баскет Кам и Бадел пресилни, Пробаскет славеше во драматична завршница во Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Единаесеттото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска лига донесе очекувани победи на фаворитите, но и една возбудлива пенал-завршница во СЦ „Јане Сандански“, каде што Пробаскет стигна до триумф против МЗТ Бела вода.

Екипите на Баскет Кам и Бадел 1862 без поголеми проблеми ги оправдаа фаворитските улоги во дуелите со ривалите од долниот дел од табелата.

Во Неготино, Баскет Кам убедливо славеше против Спорт Тим со 92:57. Гостинките од Македонска Каменица уште во првата четвртина создадоа двоцифрена предност (24:14), а иако домаќинот ја доби втората четвртина, шампионот во второто полувреме целосно ја презеде контролата и со силна трета четвртина (28:11) го реши прашањето за победникот.
Најефикасна беше Димова со дабл-дабл од 23 поени и 12 скока, додека Поп-Димитровска и Дојчинова постигнаа по 18, а Максимовска 17 поени. Кај Спорт Тим, Динова реализираше 18 поени.

Уште поубедлив беше Бадел 1862, кој го декласираше Патриот 2016 со 106:46. Прашањето за победникот беше решено уште по првата четвртина, а останатиот дел од натпреварот помина во целосна доминација на домашниот тим. Интересен податок е што дури осум кошаркарки на Бадел имаа двоцифрен број на поени, предводени од Клири со 21 поен.


Најнеизвесниот дуел во ова коло се одигра во Скопје, каде што Пробаскет во драматична завршница го совлада МЗТ Бела вода со 75:72. Кавадарчанки во поголем дел од мечот имаа предност, во еден момент и двоцифрена, но МЗТ се врати во игра и обезбеди пенал-завршница. Сепак, Томас беше мирна од линијата за слободни фрлања во последните секунди и му донесе победа на Пробаскет. Томас мечот го заврши со 22 поени и 13 скока, додека кај МЗТ се истакнаа Корли и Херд со дабл-дабл учинок.

Единаесеттото коло ќе биде комплетирано во среда, 4 февруари, со натпреварот меѓу Вардар и Крива Паланка, кој ќе се одигра во Скопје со почеток од 19:30 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27,...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој...

Кошарка

Тарик Брунчевиќ е ново големо засилување на КК Работнички

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за...

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски, Александровски, Димчевски и Бајрам

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!